Дали вашите деца одат на Коледе?

    0 96

    Мали и поголеми дечиња, вредни Коледарчиња, топло облечени, со црвени обравчиња и носиња, со кесе во рацете, одат од врата на врата и ја пеат најпознатата коледарска песна „Коледе леде“ …

    „Коледе леде
    паднало греде
    утепало деде
    деде се мачи
    баба го квачи
    со четири јајца
    гускини, шаткини.

    Денес е Коледе,
    утре е Божиќ
    ќе колеме теле
    теле вика леле
    не колете мене
    ќе ви купам зеље
    да месите пита
    да јадете сите.

    Коледееееееееее …“

    Очите им се полни сјај а срцињата полни жар. Како награда домаќините им даваат колачи, костени, ореви, јаболка и ситни пари. Традицијата продолжува …

    Дали вие се сеќавате кога бевте тие мали коледари? Дали самата помисла ви навраќа едни убави сеќавања и ви го шара лицето со насмевка? Дали разбуди во вас пријатни детски спомени? ITALY CHRISTMAS

    Како што нашите не учеле на оваа убава традиција, така наша обврска како родители е да ја пренесеме и на нашите деца. Не би сакала да кажам дека оваа традиција полека замира, но за жал така некако изгледа. Минатата година на врата ни запеа само едно коледарче! ЕДНО! Од толкава зграда со преку десет ката и околни згради полни дечиња, бројката се сведе на еден! Жално.

    Да не дозволиме тој надолен тренд да продолжи. Не заборавајте, за убаво се работи.badnik-bozik-koledari-kolede-lede-tradicija-stoposto-mk

    Учете ги децата на обичаи и традиција. Ако се мали, одете и вие уживајте со нив. Дозволете им да го почуствуваат тоа што вие сте го чувствувале кога сте биле на нивна возраст. Имате уште некој ден да ги научите да ја пеат песната, така да фаќајте се за работа.

    Нека има радост …

    Нема коментари

    Остави реплика