АПЛАУЗ! Громогласен аплауз со стоечки овации наменет за креаторот на оваа ПРЕ-ПРЕ-ПРЕ кампања која така добро ги заголица ушињата на слушателКите, што дури им ги вцрвени. Целта е постигната. Чист маркетинг, бидејќи во оваа емоционална економија подобро е да налутиш 90% од луѓето и да го привлечеш вниманието на останатите 10%, отколку да бидеш ОК за сите нив. Подобро да бидеш нешто за некого, отколку ништо за сите! 

Да така е, но постои една тенка граница кај лутината која и те како може да се премине и да се добие сосема спротивен ефект од очекуваниот. Од обична лутина да се премине во одбивност. Велат, ако не ви се допаѓа сменете го каналот, и во право сте, ќе го смениме, засекогаш.

Нареден пат бирајте зборови доколку сакате да пренесете одредена порака. Штом треба да ја објаснувате поентата која стои позади оваа кампања, значи нешто не штима. Да, пораката е тотално погрешно составена. Прифатете го тоа и тргнете ја од етер. Само не заборавајте да се извините на дотичните ПРЕжени кои беа таргет група за навреда и омаловажување.

Во контекст на сексот кој го спомнувате: Ако мажот неможе да влезе во кревет на една ваква „ПРЕ“жена, дали е тоа до жената или можеби до мажот, хм?

Мажите биле и засекогаш ќе останат „посилниот пол“, така да нема потреба од страв и трепет од интелигенти, брзи, досетливи, интригантни, УСПЕШНИ жени, нели!

И без секирации ве молам. За секој има по некој и секој бира тоа што соодвествува за него. Ако таа ти претставува ПРЕголем залак, тогаш одмери си ја вилицата и касни нешто ко за тебе … Ако не ти прија кавијар, касни си пинџурче пријателе, облажи душа и продолжи по својот пат.

Нема коментари

Остави реплика