ЈАЈЦА за здравје за ДВАЈЦА

    0 241

    Ѕид ѕидосано, вар варосано, нигде ѕирка ни проѕирка …  ЈАЈЦЕ!

    Јајцата спаѓаат во малата кошница во која намирниците се класифицираат како „СУПЕР ХРАНА“. Тие се богати со хранливи материи од кои некои се дури и ретко застапени во модерните диети. Погледнете ги овие здравствени придобивки од јајцата кои безброј студии ги имаат многупати потврдено:

    • Одличен извор на енергија: Јајцата ги содржат скоро сите дневни витамини и минерали кои се потребни за производство на енергија во сите клетки на телото.
    • Здрав имунолошки систем: Витаминот А и Б12, како и селенот, се клучни за одржување на имунолошкиот систем во здрава состојба.
    • Здрав мозок: Јајцата содржат витамини и минерали кои се потребни за нормално функционирање на клетките, вклучувајќи го мозокот, нервниот систем, меморијата и метаболизмот.
    • Здрав вид: Лутеинот и зеаксантинот помагаат при спречување на макуларна дегенерација, состојба на окото која е главен причинител на слепило поврзано со староста. Другите витамини исто така имаат придонес кон здравиот вид.
    • Здрав развој на бебето за време на бременост: Хранливите вредности кои ги содржи јајцето помагаат при спречување на дефекти при раѓање, како што е спина бифида.
    • Силна мускулатура: Протеините кои ги содржат јајцата помагаат за мускулите да работат добро при што ја намалуваат стапката на губење на мускулна маса.
    • Помал ризик од срцеви заболувања: Холинот кој го содржат јајцата игра важна улога во рушење на аминокиселината наречена хомоцистеин, која е поврзана со развој на болести на срцето.
    • Слабеење и одржување на витка става:  Високиот квалитет на протеини во јајцата ги држат луѓето полни со енергија и подолготрајно чувство на ситост. Чувството на ситост воедно го спречува земањето на нездрави ужинки и го намалува вкупниот внес на калории.
    • Здрав изглед: Некои витамини и минерали во јајцата помагаат за одржување на здрава кожа и спречуваат распаѓање на телесните ткива. Силниот имунолошки систем исто така придонесува за целокупен здрав изглед.

    Средно по големина јајце обично содржи 5.53гр. протеини и само 63 калории.

    Инаку едно јајце содржи:

    se-za-zdravje-stoposto-jajca-pridobivki

    • Витамин А: 6% од ПДВ (Препорачан Дневен Внес)
    • Фолна киселина: 5% од ПДВ
    • Витамин Б5: 7% од ПДВ
    • Витамин Б12: 9% од ПДВ
    • Витамин Б2: 15% од ПДВ
    • Фосфор: 9% од ПДВ
    • Селен: 22% од ПДВ
    • Витамин Д, Витамин Е, Витамин К, Витамин Б6, Калциум и Цинк.

    Затоа драги мои, да имате здравје ко за двајца, слободно конзумирајте јајца!

    Нема коментари

    Остави реплика