Zosto-velime-na-zdravje-koga-kivame-stoposto-bebeСите ние од општа култура сме научени да кажеме „На здравје“ кога некој ќе кивне, но зошто всушност тоа го правиме, кој ни го наложил или од каде потекнува самото дејствие сте се запрашале ли досега? Ако не, тогаш признајте дека прашањето е баш на место …

Одговорот е дека никој не може точно да одговори зошто велиме „На здравје“ кога киваме, или од каде тоа потекнува. Но, секако постојат многу теории. Едно општо верување е дека тоа е фраза искажана од страна на папата Григориј Велики за време на епидемијата од чума која владеела во шестиот век. Бидејќи кивањето било еден од симптомите на болеста, тоа било начин да се посака добро здравје на некого. 

Друга теорија вели дека на тој начин ќе го благословите човекот како не би си ја „искивал“ својата душа преку носот.

Во деновите пред кивавицата да стане позната како рефлексна активност, како симптом на настинка или алергиска реакција, фразата била користена поради суеверие – од луѓе кои верувале дека кивањето предизвикува душата да избега од телото преку носот.

Изгледа, велејќи „На здравје“ го спречувате ѓаволот да ја присвои душата на оној кој кива. Некои пак веруваат во спротивното, односно дека злите духови го користеле кивањето како начин да навлезат во човековото тело.

Додека за останатите, душата нема никаква врска со кивањето.

Друго старо верување вели дека за време на кивање срцето моментално сопира, и „На здравје“ се користело како осигурување дека ќе се врати биењето на срцето – или да се честита некому што не умрел за време на кивањето.

Некои пак биле благодарни за кивањето – гледајќи го како благослов од страна на личноста која кива. Кажувањето „На здравје“ било само начин да се поздрави оној кој кивнал во ваш правец.

Денес скоро секој од нас од учтивост кажува „На здравје“ кога некој покрај нас ќе кивне. Тоа е едноставен бон-тон кој останал од секогаш за секогаш и кој е задолжителен затоа што е на некој начин показател на општа култура. Се сложувате, нели …

Аааааапчиха! – На здравје.

… и со здравје.

Нема коментари

Остави реплика