Плажа на ЉУБОВТА

    0 356

    Некогашно место за тестирање на бомби, денес спектакуларна туристичка атракција. Ви ја претставуваме Плажата на ЉУБОВТА …

    Во раните 1990ти, владата на Мексико започнала со тестирање на своите бомби на група острови, наречени Мариета острови, кои се наоѓаат на неколку километри од брегот на Мексико. Наместо да остават белег на раздор, тие бомби создале место кое е далеку од сцена на војна и хаос.

    hidden-beach-of-love-Marieta-island-Mexico-explore-the-world-lifepopper-fun-stuff-2

    Оваа плажа на љубовта е просто прекрасна. Скриена од очите на остатокот на светот, интимна и удобна за вистинските истражувачи и авантуристи, каде ќе ве обземат прекрасни чувства од тивката песочна плажа и кристално бистрата вода.

    Посетителите го избираат ова неверојатно место со цел да уживаат во „сценографијата“ на плажата, иако не е лесно да се стигне до неа, бидејќи треба да пливате низ еден мал тунел или пак преку спуштање од врвот на карпите. Звучи интригантно нели …

    hidden-beach-of-love-Marieta-island-Mexico-explore-the-world-lifepopper-fun-stuff-51hidden-beach-of-love-Marieta-island-Mexico-explore-the-world-lifepopper-fun-stuff-4

    Островите се природен резерват заштитен од страна на властите на Мексико, така што посетителите мора да имаат дозвола доколку сакаат да ги посетат. Исто така посетителите на ова место имаат можност да видат прекрасни суштества одблиску, вклучувајќи делфини, китови и останат воден свет, со оглед на тоа што животната средина е релативно недопрена на ова место.

    hidden-beach-of-love-Marieta-island-Mexico-explore-the-world-lifepopper-fun-stuff-3

    Тоа е начин на кој природата ни кажува дека таа е за уживање, релаксација и живот, а не за уништување. Таа ни дава убавина онаму каде садиме бомби и ни дава сензација каде сме донеле уништување.

    Ајде сите да ја сакаме природата како што таа не сака нас!

    Нема коментари

    Остави реплика