До кај сте со годините? Си течат некако нели … Море течат некако брзо! Времето си оди а и ние со него под рака. Додека да се свртеме и оп .. нова деценија во животот поминала. Затоа застанете за момент. Застанете и земете еден голем здив. Издишете. Сега може да си го кажете следново:

„Животот е премногу краток за досадна облека“.

Да точно така. Животот е премногу краток за многу работи, ама овојпат да застанеме точно тука. Вечерва пред да си легнете, за инспирација пуштете си го филмот „Сексот и градот“ и се ќе ви стане јасно. Убавина од бои и модели, мелем за очи, рај за душа. Затоа нареден пат кога ќе решите да ги облечете ланските тренерки, шалвари, фармерки или хеланки на себе, потсете се на оваа изрека и трк назад до плакарот. Изгледајте феноменално во секој момент и секоја пригода. Околината ќе блеска заедно со вас, погледите нема да запираат, а вие ќе се чувствувате едноставно фантастично.

Еве доказ за мотивација:

sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-3 sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-5 sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-6sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-8sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-9sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-10sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-11sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-4 sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-7 sex-and-the-city-lifepopper-fashion-style-swag-women-trend-2

… бидејќи животот е еден.

Нема коментари

Остави реплика