Дали знаете кој ден е денес? 15ти март. Точно за почеток …

Денес е денот на ‘Се што мислите е погрешно’. Овој неофицијален празник е само мал потсетник дека не сме совршени. Тоа не поттикнува да прифатиме дека постојат многу работи за кои не сме во право и не охрабрува да поминеме некое време размислувајќи како би ги исправиле.

На овој ден се препорачува да се избегнува донесување на големи одлуки, бидејќи вашите мисли (според празникот) се погрешни. Тој е исто така ден кој е создаден за некои луѓе да разберат дека не се секогаш во право.

Тука е право место и време да ја споменеме следната мисла:

„Дали ПРАВИЛНО и ПОГРЕШНО се менливи поими, зависно од јавното мислење?“

„Погрешното е погрешно иако сите тоа го прават. Правилното е правилно иако само ти го правиш. “

#EverythingYouThinkIsWrongDay-lifepopper-national-holiday

… но не заборавајте, некогаш погрешните одлуки не носат на правилните места!

 

Нема коментари

Остави реплика