Дали сте за или против одбележување и прославување на денешниот ден, 8ми Март – Денот на жената?

Некои од вас ќе речат дека жената треба да се сака, почитува и опсипува со љубов, нежност и внимание секој ден а не само на празници како што е денешниот. Точно така и никако поинаку. Но, некако како да сме ја заборавиле поентата на денешниот празник и неговата големина … Меѓународниот ден на жената е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Во име на сите жени во светот кои се бореле и се борат за еднаквост на „понежниот“ пол кој и те како е цврст и е столб на ова општество, сакале вие да признаете или не, ќе ве потсетиме и ќе оддадеме почит на неколку жени кои оставиле свој белег низ историјата …

  • Симон де Бовоар – „Човекот не се раѓа како жена, таа постанува тоа.“

inspirational-quotes-womens-day__880

  • Елеонор Рузвелт – „Жените со пристојно однесување ретко ја прават историјата.“

inspirational-quotes-womens-day-132__880

  • Маргарет Тачер – „Во политиката, ако сакаш нешто да се каже, прашајте го мажот. Ако сакаш нешто да се направи, прашај жена.“

inspirational-quotes-womens-day-133__880

Затоа наместо да се бунтувате на овој убав ден потсетете се на сето тоа што сте го сработиле и постигнале во својот живот. Потсетете се на својата убавина и големина. На сите ваши минати постапки, дела и животни патешествија. Славете ја жената, мајката, бабата, ќерката … Затоа што вие сте неповторливи. Вие сте ЖЕНА! Среќен 8ми Март.

Нема коментари

Остави реплика