Национален ден на читање книга

    0 395

    Верувале или не, денес 6ти септември се празнува денот на читање книга. На 9ти август сите го славиме денот на љубители на книга, додека денес денот ве поканува СИТЕ да грабнете по една книга во рацете и да ја прочитате.

    Првата прослава на Денот на читање книга бил во 2000та година, и всушност било идеа на некој библиотекар кој се обидувал да ги охрабри младите да прочитаат некоја книга.

    На овој ден не е задолжително да се прочита цела книга, туку служи како инспирација за луѓето да прочитаат некое делче од книга, да се прочита нешто заедно со децата, да се донира книга во школската библиотека или да се организира забава со читање на книга. national-day-read-a-book-celebrate-holiday-1

    Ова не значи да се отиде во „Библиотека“ т.н. кафана па да се прочита по „некоја“, туку за промена вистински да се прочита некој забавен пасус кој ќе ви го освежи и подобри расположението.

    Празник или не, искористете го моментот и одвојте дел од времето да поуживате и да се одморите покрај некоја добра книга, знаејќи дека читањето е добро и за душата и за умот.

     „Читањето ни дава некаде да одиме, кога треба да останеме онаму каде што сме.“

    - Мејсон Кули

    Нема коментари

    Остави реплика