Вкусно, сочно, црвено, жолто или зелено, деликатес ЈАБОЛКО за одличен почеток на денот. Ова мало слатко овошно задоволство не само што ќе ви ја освежи душата, туку и ќе ви помогне за многу други работи за кои можеби и не сте знаеле. Еве неколку од нив:

  • Јаболкото помага  да имате бели и здрави заби

Јаболкото уште се смета дека е природна четкица за заби бидејќи помага да се исчистат наслагите од храна помеѓу забите. Нивната абразивна текстура ги стимулира забите и ги отстранува наслагите, додека благиот киселкаст вкус поттикнува лачење на плунка која истите ги замива. Едно истражување има покажано дека машките лица кои јадат овошје богато со влакна (особено јаболки и банани) имаат помал ризик од губење на забите и напредување на болести на истите.

an-apple-a-day-keeps-the-doctor-away-health-advices-3

  • Ја одржува вашата витка фигура

Повеќе истражувања имаат докажано дека луѓето кои јадат две-три јаболки или круши на ден полесно ги губат килограмите. Ова овошје има малку калории, а воедно е полно со вода и влакна поради кои подолго време имате чувство на ситост. Благодарение на големиот удел на јагленохидрати, посебно фруктоза и глукоза, јаболкото го обезбедува организмот со енергија, со што го спречува уморот и губитокот на концентрација. Бидејќи содржи и до 90% вода и ниту грам маснотии, јаболкото успешно ја гаси жедта и освежува после напорниот тренинг.

  • Заштитува од кардиоваскуларни болести

Едно истражување спроведено на универзитетот во Валенсија, покажало дека јаболкото натопено со сок од мандарина, кај децата го намалила ризикот од кардиоваскуларни болести. Оваа студија опфатила 48 дебелки дечиња на старост од 9 до 15 години кои биле на нискокалорична диета во текот на четири недели. Оваа ужина го подобрила крвниот притисок кај децата, нивото на липиди и антиоксиданси во крвта, и ги намалила воспаленијата поврзани со ризик од срцеви болести.

Фактите кои говорат за делотворноста на јаболкото се многу, а ние накратко би ги издвоиле следните:

  • Го стабилизира нивото на шеќер во крвта
  • Спречува појава на висок притисок
  • Спречува појава на рак на дебело црево
  • Го намалуваат високиот холестерол
  • Го намалува ризикот од мозочен удар
  • Спречува срцев удар …

 

an-apple-a-day-keeps-the-doctor-away-health-advices

Јаболкото е вистинска мала ризница на состојки кои позитивно влијаат на нашиот организам. Зависно од сортата, 100гр јаболки содржат отприлика 85гр вода, 10,9гр јагленохидрати, 3гр диетални влакна. Во јаболкото има и до 40мг витамин Ц, потоа и витамините А, Е, Б1, Б6 и бета-каротен. Тие содржат и минерали, многу калиум (100 до 180мг), калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Многу едноставно … започнете го денот со вкусно јаболко.

За здравјето се работи.

Нема коментари

Остави реплика