ОВЕС за добро здравје

    0 411

    Малкумина знаат, но овесот е всушност една од најхранливите житарки! Нејзината калорична вредност е дури 400 калории на 100 грама. Идеална за утрински оброк, но и за пладневна ужинка. Бенефитите од овесот се навистина големи, а ние во овој случај ќе одвоиме неколку од нив.

    Оваа житарка е богата со протеини, растителни влакна, како и минерали и витамини од групата Б. Во зрното од овесот е присутен хормонот за растење заедно со калциумот кој го има во голема количина. Поради тоа, овесот е идеална храна за млади во раст, како и за трудници.

    ОOats-Healthylivingвесот го зајакнува организмот, го регулира метаболизмот, ја зголемува телесната топлина и помага при анксиозност и депресија. Тој исто така се користи во многу препарати за нега на тело. Ја чисти кожата, воедно и ја штити, ја омекнува и хидрира.

    Нема да згрешите доколку се одлучите за овесна каша за појадок, бидејќи таа е вистински нискокалоричен оброк, богат со влакна и сложени јаглехидрати кои долго се варат и подолго време ќе чувствувате ситост.

    Овесот го стабилизира шеќерот во крвта и со тоа го намалува ризикот од дијабетис тип 2. Тој го намалува лошиот холестерол и штити од срцеви болести и рак. Го зајакнува имунитетот и му помага на организмот брзо да се ослободи од бактериите. Поради присутниот фосфор, овесот помага за подобро помнење, и е одличен извор на енергија за почеток на денот.

    Кој рече дека овесот мора да го внесуваме само во вид на каша? Што велите за овие вкусни овесни колачиња со брусница … м м м одличен избор нели.

    oves-zdravje-recept-zdrava-hrana-benefiti-1

    Нека ви е на здравје.

    Нема коментари

    Остави реплика