Лубеница – летно слатко задоволство. Освежува, засладува, заситува. Од најмало до најстаро, сите уживаме во овој дар на природата. Со потекло од Африка, лубеницата спаѓа во категорија на овошје но и зеленчук. Со светло црвеникава или розе боја ги мами жедните усти на овие високи температури.

Watermelon-slices-red-tasty-summer-dessert-fruit

Но дали сте чуле дека постои и жолта лубеница? Лубениците кои се розе или црвени одвнатре содржат мошне силен антиоксидант – ликопен, кој е најдобро познат по тоа што токму тој е виновникот за црвената боја на доматите. Жолтата лубеница едноставно не го содржи овој антиоксидант, поради што и бојата е сосема поинаква. Овие лубеници се познати по нивниот екстремно сладок вкус, по што некои луѓе велат и дека имаат вкус на мед.

yellow-watermelon-fruit-summer-dessert-1

Луѓето сметаат дека овие жолти лубеници се само резултат на денешните експерименти при одгледување, особено поради тоа што не се чести како и останатите видови, но жолтите и белите лубеници всушност датираат поодамна за разлика од лубениците за кои ние знаеме и ги конзумираме.

Останува да заклучиме дека лубеницата во било која форма или боја е одличен афродизијак кој поседува исклучителни здравствени моќи. Го прочистува организмот и го намалува чувството за глад, содржи повеќе од 90% вода, го зајакнува мозокот, ги намалува болките во мускулите, заштитува од УВ зраци … доволно причини да се почастиме со едно парче лубеница нели.

Нека ви е на здравје.

Нема коментари

Остави реплика