Овој зачин е замена за апче против болки

    0 454

    Храната е лек! Наместо секој пат штом осетиме болка да посегнеме по одредено апче, подобро би било да се едуцираме малку повеќе околу природните начини за лекување на нашиот организам.

    Штом осетиме болка треба да посегнеме по индискиот зачин од фамилијата на ѓумбир кој е злато вреден , а тоа е зачинот- КУРКУМА! 

    Како би се докажало неговото дејство, извршено е клиничко испитување на 109 пациенти кои пателе од остеоартритис на коленото. Една група пациенти добивала по 800 милиграма ибупрофен секој ден во текот на шест недели, додека другите пациенти истовремено добивале 2000 милиграма куркума.

    Строго било пратено нивото на физичка активност на двете групи пациенти. Се покажало дека оние кои добивале куркума имале подобри резултати и помалку болки. Тоа само ја докажала одамна познатата пракса, но донело и нови резултати. Имено, научниците откриле дека ибупрофенот е многу штетен за телото и треба многу внимателно да се зема.

    Овој зачин можете да го купите скоро во секоја продавница за здрава храна или во поголемите маркети. Сепак не треба да се претерува со негова употреба. Со секој оброк земете околу 1/8 до 1/4 лажица. Дневниот внес на овој златен зачин треба да биде од 3-10 грама. Истиот може да се користи во припрема на слатки и солени специјалитети. Додајте го во супа, чорба, во сос, смеса за палачинки, овошни салати, разни преливи за зеленчукови салати, ориз и слично.

    Ова се некои од нејзините чудесни дејствија: Kurkuma-curcumin-cure-spice-healthy-life

    • дезинфицира рани и опекотини
    • превенција е за рак на простата и штитна жлезда
    • го намалува ризикот од леукемија
    • ја успорува или спречува Алцхајмерова болест
    • лечи артритис и реума, ја чисти јетрата
    • помага при лечење псоријаза

    Нема коментари

    Остави реплика