Летото е во полн ек. Високите температури, жешкото и тешко време повикуваат на магично освежувањеее … Што може поубаво да ве разлади и освежи од едно големо ладно парче лубеница. Верувам дека уживањето ќе завземе уште поголем замав доколку знаете кои сѐ добри својства носи ова летно задоволство на вашиот организам. Но пред да прејдеме на главното, да погледнеме кои други бенефиции има нашето тело при конзумација на парче вкусна лубеница …

health-benefits-of-fruits-watermelon-food-porn-hot-summer-1

Го подобрува варењето на храната: Бидејќи лубеницата е составена најмногу од вода и растителни влакна, таа помага да се спречи појавата на запек и го регулира дигестивниот тракт.

Хидратација: Составена од 92% вода и високо ниво на важни електролити, лубеницата е повеќе од одлична закуска која треба да се има при рака за да се спречи дехидратација.

Високо ниво на хранливи вредности: Лубеницата е одличен извор на витамин А, природен антиоксидант кој е важен за одржување на здрава кожа, а штити и други телесни функции вклучувајќи ги здравјето на белите дробови и усната шуплина. Таа е богата и со останати антиоксиданти, меѓу кои и ликопен, бетакаротен, зеаксантин и криптоксантин кои се ефиксни во превенција на рак на дебело црево, простата, гради, ендометрија и панкреас.

Помага при болки во мускулите: Докажано е дека сокот од лубеница ги намалува болките во мускулите и го намалува времето за опоравување после добриот тренинг.

Помага во слабеење: Лубеницата е позната по малиот број на калории кои ги содржи во себе – се на се содржи 30 калории на 100 грама. Поради високата содржина на вода, таа го намалува апетитот и воедно не освежува.

и секако делот кој сите го очекувавте …

Дали лубеницата е замена за виагра? Дали таа навистина го подобрува вашето либидо?

Да, тоа е точно! Истражувачите откриле дека лубеницата содржи ензим кој е поврзан со нормално машко функционирање. Ензимот е наречен Л-цитрулин. Тој се користи за лекување на Алцхајмерова болест, замор, мускулна слабост, и секако еректилна дисфункција. Таа работи преку зголемување на дотокот на крв и други состојки кои на телото му се потребни за создавање на одредени протеини, како и со отварање на вените и артериите со што се подобрува протокот на крв – нешто кое е од особена важност за нормално функционирање. Околу 75% од мажите со холестерол – стеснети коронарни артерии имаат одредено ниво на еректилна дисфункција. Ете причина повеќе да се фрлите на овој дар на летото.

Е ајде после не јади лубеница да те видам …

Нема коментари

Остави реплика