Женски „домаќински“ муабети

    0 7254

    Постои едно место на Фејсбук каде за само неколку секунди можеш да добиеш одговор на секое твое прашање, да разрешиш било каква дилема или пак да добиеш теоретски или уште подобро практичен совет. На ова место има доктори, правници, економисти … па скоро опфатени се сите можни и неможни дејности и професии. Мајки, баби, свекрви, девојки, жени, тетки … нема што нема, ама најбитно од се е што тоа е една посебна група на жени.

    За било каков совет или препорака, за тоа каде да најдеш некое парче облека или накит, ако имаш нешто да продадеш или сакаш да купиш… Тука луѓе, производи, агенции, фирми се издигнуваат, а богами и многу се поткопуваат. Ако не си добил соодветна услуга, на ова место барем пола македонски жени ќе го дознаат тоа. Доколку имаш некаков проблем или нешто те мачи, ова е местото каде ќе добиеш најдобронамерни совети, препораки, па и стручни мислења. 

    Се не би било така розево доколку знаеме дека ова е сепак место за жени. Е тука проблемот е што жената секогаш има што да каже, на се да даде коментар, во се да се вмеша и секако да додаде благ или љуткаст зачин зависно од расположението. Навреди, препукувања, пцовки, закани … Ако го немате слушнато зборот АЖДАЈА, тука сигурно многупати ќе го сретнете.

    Сепак, ЖЕНАТА е најјаката карика во општеството, домаќинството и секако фамилијата.Hausfrau mit Kindern hat jede Menge Stress Прашањето е како покрај сите обврски, задолженија, работа на работа и работа по дома, со деца и околу деца, доручек, ручек, вечера и останати разни закуски, неспиени ноќи и слатки маки, вие сепак наоѓате не само време, туку што е најбитно и енергија да се навредувате и понижувате со единки кои носат сличен а можеби и ист товар како вас? Од каде таа сила и зошто на овој начин да се троши? Непотребно.


    Не би сакале групата да прерасне во Женски Недомаќински Муабети, нели?

    Затоа бидете тоа што сте. Чекорете гордо и со насмевка на вашето лице. Бидете дама со манири и култура. Бидете ЖЕНА и почитувајте ги жените околу вас. Затоа што заедно сме посилни.

    Нема коментари

    Остави реплика