Љубовта е насекаде околу нас. Неа неможеме да ја видиме, неможеме да ја допреме, можеме само да ја почувствуваме. Исто како и љубовта, и СРЕЌАТА е насекаде околу нас. Таа е во сонцето, во ветрот, во сите мали нешта, видливи и невидливи за човековото око. Таа доаѓа од нашите срца, нашите мисли, од начинот на кој чекориме низ животот.

Happiness-is-a-choice-lifepopper-words-of-wisdom-how-to-live-a-happy-life-stay-positive-smile-1

Се зависи од нашиот избор во животот. Ова може да звучи смешно, но дозволете да ве прашаме следното: Доколку имате можност да избирате помеѓу живеење на СРЕЌЕН живот, полн со весели и незаборавни моменти, насмеани лица и спокојство, или да живеете НЕСРЕЌЕН живот, безбоен, намуртен и празен, кој би бил вашиот избор?

Лесно прашање ќе кажете. Да секако е лесно прашањето, но колкумина од вас навистина избираат и вистински живеат среќен живот?

Happiness-is-a-choice-lifepopper-words-of-wisdom-how-to-live-a-happy-life-stay-positive-smile-2

Но најпрво да ја дефинираме среќата. Што е среќа? Богатство, најнова технологија, бесконечни шопинзи, автомобили и сите оние материјални работи кои парите можат да ги купат, или здравје, фамилија, пријатели, слобода на умот и духот, природа, сонце, воздух, љубов и сите оние нематеријални работи кои не се купуваат со пари?

Кои се вашите животни приоритети? Работа по цел ден и ноќ како би се наполнил тој паричник без дно, или квалитетно поминато време со вашата фамилија? Потрошено време на вашиот мал Ајфон, таблет или било кое друго модерно парче техника, или прошетка во парк со вашиот најдобар пријател? Омраза кон сите понеделнички утра поради работа која не ве исполнува, или остварување и живеење на вашите соништа?

СРЕЌАТА Е ИЗБОР!

Тој избор морате да го направите самите за себе. Тоа е нешто кое другите неможат да го направат наместо вас. ВИЕ избирате да бидете среќни. Затоа од денес па натаму правете мудри избори и започнете го денот на позитивен начин. Насмејте се на сонцето и бидете благодарни за сите работи кои ги имате во животот. Уживајте во природата, прочитајте некоја добра книга, споделете насмевка и славете го животот во потполност. И така имате само еден. Научете како правилно да го живеете.

ИЗБЕРЕТЕ СРЕЌА!

Happiness-is-a-choice-lifepopper-words-of-wisdom-how-to-live-a-happy-life-stay-positive-smile-3

Нема коментари

Остави реплика