Мајка на 35 години .. Еве зошто!

    0 661

    Границите за создавање семејство се поместуваат нагоре. Ако во последните децении таа се движеше помеѓу 20 и 25 години, сега е подигната помеѓу 25 и 30. Да не се лажеме себеси! Таа е многу погоре и тоа од 30 до 35 години! Се раѓа на постари години и бројот на Ин Витро се зголемува.

    Се прашувате која е причината? Епа одговорот е едноставен:

    Сексуална еволуција – Женска револуција!

    Жената сака да се образува, да работи, да заработува, да се оствари себеси, да е независна, да го прошета светот, да го пронајде вистинскиот итн. Но да се вратиме малку наназад ..

    Во подалечното минато мажот бил тој којшто работел и заработувал, со што го издржувал своето семејство, додека жената била домаќинка со полно работно време, задолжена за децата, куќата и секако мајстор во кујната, со топол оброк подготвен со многу љубов и внимание, 365 дена во годината. Тоа се години кога жената е финансиски зависна од мажот. Ако сака да си купи нов пар чевли, таа мора да побара од мажот, кој е единствениот со прилив на пари во семејството.

    Со тек на времето работите полека се менуваат. Жената станува повлијателна во бизнис светот, почнува одлично да заработува, сама да создава со сопствен труд и пот. Напорно заработените пари сака да ги потроши на сопствени задоволства, луксузни патувања, со неколку зборови самата си ги исполнува сите желби кои парите можат да ги купат. Не чека од никого, бидејќи зависи само од себеси. Сама заработува, сама троши.

    Промената се одразува и на желбата за создавање на фамилија. Преовладувањето на желбата да се дообразува, да напредува во работата, едноставно да создаде тло на кое нема во ниту еден момент да стане зависна од мажот повлекува само една животна променлива, а тоа е ВРЕМЕТО. За пронаоѓање и себеостварување секако се потребни повеќе години, за што за возврат статусот на домаќинка со полно работно време би бил далечно минато за неа. Но, реалноста е дека таа сакала или не ќе си остане домаќинка со полно работно време, со тоа што нејзиното „слободно време“ ќе го поминува на работа.

    Од друг аспект, со зголемување на финанскиската независност се зголемуваат и нејзините барања спрема партнерот, кој сепак ќе биде „мажот“ во куќата, што значи да биде приближно или евентуално помоќен од неа. Со зголемување на барањата се зголемува и границата за прифаќање на „соодветен“ животен партнер – сопатник.

    Ах жени мои убави, за момент само застанете во целото свое себеостварување и запрашајте се:

    Која е мојата цел во животот?

    Дали доколку комплетно финансиски се себеостварите ќе бидете вистински себеисполнети? Нашиот совет би бил: Најдете баланс во животот и остварете се себеси во полн сјај. Не дозволувајте ништо да ви се слизне низ прстите и не заборавајте дека сите желби со пари не се купуваат.

    Затоа што пред сѐ сте ЖЕНА! 

    Нема коментари

    Остави реплика