Double-city-bus-Skopje-MacedoniaАвтобус – Патничко возило наменето за превоз на поголем број на патници. Скопските автобуси слободно може да кажеме дека се повеќе од одлични. Средени, загреани, во одлична состојба. Проблемот не е во автобусите, туку во шоферите на овие превозни средства. Се чини дека тие имаат заборавено дека всушност превезуваат и воедно се одговорни за сите патници кои во моментот се во тој автобус.

Сметајте го ова како мало потсетување …

1. Не сте на трка, затоа не се однесувајте како возачи на Формула 1!

На што личи тоа прелетување на други возила и возење со многу повеќе од дозволената брзина? Ако некој ја прекршува дозволата за ограничување на брзина во сообраќајот, ние тврдиме дека на прво место се автобусите! Освен тоа, што бара автобус во третата лента од коловозот?

Малку поинаква е ситуацијата кај приватните автобуси. Тие на почетокот возат со 20км/ч. Чудно е како не им гаси моторот при толкава брзина. Ќе тргнат лазејќи по патеката и така ќе возат се додека во ретровизорот не го здогледаат конкурентниот државен автобус. Е тогаш луѓе држете се цврсто затоа што трката самошто не започнала. Одеднаш се згазнува педалата за гас до даска и шоферот лета и прелетува се околу себе како да вози вреќа со компири а не луѓе од крв и месо!

ВОЗЕТЕ НОРМАЛНО! 

2. Црвено светло значи СТОП! Зачудувачки е фактот што ова воопшто треба да се спомене, но ги преминавте сите граници. Скоро и да не помине возење а автобусот да не помине на црвено светло. Недозволено! Лудо и безобразно! Зарем треба сите со мобилните во раце и да ве снимиме како го правите ова срамно дело? Зарем треба несреќа да се случи за да ви дојде памет во глава?!

ВОЗЕТЕ НОРМАЛНО!

3. Почитувајте ги останатите учесници во сообраќајот! Да, вие сте возач на автобус и секако имате предност пред останатите учесници, но тоа не значи и кога колата е веќе до половина навлезена вие некултурно да пробате да се вовлечете во соседната лента пред неа.

ВОЗЕТЕ НОРМАЛНО!

Зарем многу бараме од вас? Почитувајте ги правилата на сообраќајот, ништо повеќе. Во спротивно ќе бидеме сведоци на се поголем број прометни несреќи во кои за жал се вклучени и јавните превозни средства.

Нема коментари

Остави реплика