Среќен Ден на (НЕ)зависноста

    0 563

    Среќен 8-ми Септември – Ден на независноста на Македонија. За повеќето нешто повеќе од празник, нешто како СЛОБОДЕН ДЕН од работа! Поголем празник од тоа има ли?!

    Овој ден ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

    Со првото, околу делот за Македонија може веднаш да се сложиме, но што правиме со македонскиот народ? Вистината е дека тој никогаш не бил во поголеми окови од овие денес! Затоа не знам за каква независност зборуваме. Евентуално да го преименуваме во зависност на македонскиот народ, па вистина да имаме за што да славиме. Зависност од партијата, нека е ни е честито!

    independance-day-of-republic-of-macedonia-national-holiday-celebration-google-1Околу самостојноста, дај да те видам сам пробај да застанеш, има да ти ги исечат и рацете и нозете кои се желни за работа, а за соништата да не правиме муабет, кажете им збогум! Соништа некаде на друго место, ова е Македонија каде најголем сон е партиски да те пикнат во државна администрација и да си мекнееш и гувееш до крајот на животот.

    Ех драги мои, добро искористете го овој ден, прошетајте до парк, искачете го Водно, Матка ви е исто блиску. Денес единствено можеме да му кажеме благодарам на ВЕТРОТ! Само тој успеа да ги избрка димот, смогот, чадот и маглата од нашето Скопје. Денес гледаме чисто и јасно. Така нека продолжи и низ животот, да гледаме јасно што се случува околу нас, без СТОП, без преќутување, без лажен морал и одглумени насмевки.

    Независноста почнува од самите нас. Ако секој поединец, почнувајќи од себеси е независен и самостоен во животот свој, тогаш заслужува да го прослави овој празник како таков. До тогаш, нека ви е среќен слободниот ден!

    Нема коментари

    Остави реплика