10 причини зошто жената е ТИПОКРИТ

    0 961

    Жива вистина! Девојки нема бегање од ова, едно се мисли а друго се кажува. Ви подготвивме само дел од фактите кои ја потврдуваат вечната вистина – Жената е ТИПОКРИТ. Тоа е нешто како посебен ублажен тип на Хипокрит. Што да се прави, такви си се родиле, такви и ќе си останат. Останува само да се прифатат такви какви што се. Посебни! Прочитајте и самите зошто:

    1. Штом жената каже ‘НИШТО НЕ МИ Е’, бидете 100% сигурни дека нешто дефинитивно не е во ред!

    2. Приоритет и е секогаш ИСКРЕНОСТА, но моментот кога ќе биде сама со вашиот мобилен верувајте дека детално ќе ги испита сите опции, повици, пораки … Шерлок ќе проработи!

    3. Не ми пречи да имаш ПРИЈАТЕЛКИ .. ха ха да секако, но само ако се грди или геј. Во спротивно Forget about it!

    4. Не ми пречи да излезеш со ДРУГАРИТЕ … слободно ти излези, само утре ќе треба да поднесеш комплетен извештај за тоа каде, со кого, до кога, што си правел, за што сте правеле муабет, што сте пиеле, колку сте пиеле … итн, онака на кратко!

    5. Кога ќе ти побара МИСЛЕЊЕ за нешто, како на пример дали ти се допаѓаат овие завеси, како тоа да ќе биде земено во предвид. Yeah right! Како жената си зацртала, така и ќе си направи. Твое е да бидеш таму и да одговараш како да си дел од финалната одлука.

    Things-women-say-and-what-they-mean-fun-facts-1

    6. Спремна сум за 5 МИНУТИ! Ахх тие дооолги 5 минути. Во превод значи за пола саат кај и да е ќе биде спремна.

    7. Ништо НЕМАМ ЈАДЕНО денес! Тоа навистина би било така да не го смачкаше чипсот пред 10 минути, чоколадниот шејк, нутри барот, 3те праски, кесето лешници … треба да продолжам?

    8. Не сум нешто гладна, ќе нарачам САМО САЛАТА! Во тој случај подобро ти нарачај малку повеќе затоа што пола од тањирот и така ќе ти го изеде некој кој и не е толку гладен.

    9. Ќе се напијам само ЕДНА ПИЈАЧКА! Да де секако, една пијачка во првиот саат време, после кој ги брои …

    10. Кога ќе каже колку и е убаво што е СИНГЛ, а всушност едвај чека да го запознае вистинскиот како би можеле да си живеат среќно засекогаш!

    Нема коментари

    Остави реплика