Ќофтиња со тиквички

    0 669

    Сезоната на тиквици веќе пристигна. Што и да се зготви, вкусна турлитава, ориз со зеленчуци, разни похованици … тиквиците се секогаш тука. Ефтино, брзо, ниско калорично и секако пред се – вкусно!

    Повелете рецепт за ќофтињата со тиквички:

    • 2 шолји рендани тиквички (тоа се околу 2 поголеми тиквици)
    • 1/4 шолја брашно
    • 1/4 шолја ситно сецкано младо кромитче (може и со обичен кромид)
    • 1/4 шолја свеж магдонос
    • 1 јајце
    • 1/4 лажичка зачин од лукче
    • масло (за премачкување на тавата)
    • павлака & лимон (по желба)

    zucchini-cakes-delicious-recipes-kitchen-yummy-food

    Припрема:

    Соединете ги убаво сите состојки (без павлаката и лимонот) во поголем сад. Во загреано тавче ставете малку масло. Со рака земете малку од смесата (колку за едно ќофте) и ставете го да се пржи 1-2 минути од обете страни. Истата постапка повторете ја додека не се потроши целата смеса.

    Послужете со павлака и неколку кришки лимон. Уживајте.

    Нема коментари

    Остави реплика