Како што постојат правопис, речник на зборови и начин на изразување, така е формирана и нивна модификувана креација, каде што спаѓа уличниот говор, сленговите како и нивните кратеници. Кој, како и каде се изразува останува индивидуално определување … мислам хелоууу!

Еве ги најчесто употребуваните:

  • BAE – Before Anyone Else ( Скратено од “Babe”)
  • TBT – ThrowBack Thursday (Секој четврток, Инстаграм, Фејсбук и Твитер се преплавени со стари слики, како потсетување на старите добри времиња)
  • OMG – Oh My God (Оооооо Боже!)
  • LOL – Laughing Out Loud (гласно се смеам … а може и не!)
  • BTW – By The Way (патем речено … инаку)
  • AKA – Also Known As (исто така познат како)
  • К – Ok
  • IDK – I dont know (не знам)
  • FYI – For your information (за твоја информација)
  • TTYL – Talk to you later (се слушаме после)
  • LMAO – Laughing my Ass Off (се искинав од смеење)
  • LMFAO – Laugh my F***ing Ass Off (ептен се искинав од смеење)
  • ROTFLMAO – Rolling on The Floor Laughing my Ass Off (се измочав од смеење)

Кај нас би можеле да поминат …

  • ТС – те сакам
  • ТБ – те барам
  • НЗ – не знам
  • ШЗ – шо знам
  • ЧС – чувај се
  • НВ – нема везе
  • Хм – размислувам
  • АШЗ – Ае Шо Збориш
  • УПМ – Утрово почна мачно (или во слободен превод)
  • КМ – кафе мафе
  • РМ – ракија мезе

Што и да е само да не се замара човек со долги реченици …

Нема коментари

Остави реплика