Ако сте авантуристички тип и сакате да ги искусите благодетите и лудориите кои овој свет ви ги нуди, тогаш најверојатно би сакале да го посетите овој „чуден“ хотел. Подобро ќе биде ако пред посетата добро се наспиете бидејќи голема е веројатноста таму око да не склопите.

Станува збор за Propeller Island City Lodge во Берлин, каде може да букирате една од 31 ексцентрични соби.

Погледнете и самите за што станува збор:

  • Собата која е наопаку! Сите работи висат наопаку од таванот, дури и погледот на прозорите е наопаку.

Propeller-Island-City-Lodge-outrageous-rooms-adventurist-type-of-holiday-fun-stuff-11

  • Собата со огледала! Каде и да се свртиш пак те има!

Propeller-Island-City-Lodge-outrageous-rooms-adventurist-type-of-holiday-fun-stuff-21

  • Собата за парови! Ако не сакате да спиете еден до друг цела ноќ, тогаш можете да ја спуштите бариерата на половина на креветот.

Propeller-Island-City-Lodge-outrageous-rooms-adventurist-type-of-holiday-fun-stuff-51

  • Спиење во воздух! Наклонетиот под во оваа соба е дизајниран да добиете чувство како да летате.

Propeller-Island-City-Lodge-outrageous-rooms-adventurist-type-of-holiday-fun-stuff-61

  • Спиење со ротација! Овој кружен кревет константно се врти така што ќе имате постојана промена на погледот додека лежите и се релаксирате.

Propeller-Island-City-Lodge-outrageous-rooms-adventurist-type-of-holiday-fun-stuff-71

  • Собата на баба! Мебелот во оваа соба датира од многу генерации претходно и тоалетот е скриен во дрвениот гардеробер.

Propeller-Island-City-Lodge-outrageous-rooms-adventurist-type-of-holiday-fun-stuff-81

  • Собата рудник! Тројца можат да спијат во оваа бизарна соба која има каскадно поставени легла. Како да сте во рудник, само што нема лифт во аголот.

Propeller-Island-City-Lodge-outrageous-rooms-adventurist-type-of-holiday-fun-stuff-91

… и секако за најхрабрите:

  • Спиење во ковчег! Ако сакате можете и капакот да си го затворите за целосно искуство!

Propeller-Island-City-Lodge-outrageous-rooms-adventurist-type-of-holiday-fun-stuff-123

Нема коментари

Остави реплика