Попова Шапка. Часот е 18. Сонцето полека заоѓа. Снежната покривка полека се предава на топлината на мајските сончевите зраци.

Луна-и-снежните-луѓе-од-Шапка-стопосто-Македонија-природна-убавина-4

Еден борд и два пара скии на рамо и авантурата може да започне. Петнаесеттина минути стрмнина за минута адреналин. Тоа е приказната на братската тројка и нивната неуморна придружба – рунтавата убавица Луна.

Чист воздух, мир, греење на дрва, топло чајче … Зимска идила. Нивно секојдневие, а за нас слободно може да се нарече вистинско прибежиште од секојдневната џунгла на градот.

Фасцинантен е моментот кога човек ќе успее да ги спои сонот по кој некогаш мечтаел и животната реалност. Тие тука работат, вложуваат, создаваат, живеат. Тие се дел од планината и планината е дел од нив!

Наместо како поголемиот дел од нас, да побараат „спас“ во главниот град, тие се решаваат на овој храбар чекор. Да живее планината.

Браво момци. Симнуваме капа.

Луна-и-снежните-луѓе-од-Шапка-стопосто-Македонија-природна-убавина-7

Дали вие го живеете својот сон или веќе сте се предале на удобноста на понудената рутина? Има многу што да се научи од овие Шарпланинци. Затоа бидете храбри и зграпчете го животот со двете раце.

ЕДЕН Е!

Нема коментари

Остави реплика