Инстант ДЕСЕРТ

    0 677

    Ви се јаде благо … Нешто необично ама многу вкусно … Нешто што вклучува Нутела ама не само со лажица од тегла … Нешто како торта ама да е спремно за 5 минути …

    Земај тефтер и запиши:

    • 1 микробранова печка (ако ова не е исполнето, ништо од бизнисот);
    • 4 лажици саморастечко брашно (да, го нема кај нас … ама има решение)

    Во посебна шоља измиксај:            Десерт-нутела-брза-торта-рецепт-во-микробранова-стопосто-вкусно-1

    – 1 шоља брашно,

    – 1½ лажичка прашок за печиво,

    – ½ лажичка сол;

    • 4 лажици шеќер
    • 1 јајце
    • 3 лажици какао
    • 3 лажици Нутела
    • 3 лажици млеко
    • 3 лажици масло

    Ставете ги сите состојки во поголема шоља. Мешајте се додека не се соединат. Ставете ја шољата во микробранова печка околу 2-3 минути или додека смесата видно не порасне.

    Миксот од брашното ви е доволно за уште 3-4 шољи, така да не застанувајте кај првото, почастете ги и останатите околу вас. Доколку сакате (имате) ставете малку шлаг за декорација.

    Уживајте!

    Нема коментари

    Остави реплика